Пребарувај по датум:

Пункт за бездомници – Момин поток

Пунктот за бездомници во Момин Поток е отворен на 25ти јануари 2008 година, додека Стационарниот дел-Прифатилиштето е отворено во 2010 година, што значи дека прифатилиштето е во функција повеќе од 12 години и функционира во текот на целата година. Пунктот за бездомници во Момин Поток 14 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор, социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги. Пунктот за бездомници е отворен секој работен ден за консултација, додека бањањето, менувањето на нечистата облека, добивање топол оброк, добивањето на медикаменти, прегледи кај доктор како и вадење на лична документација и ред други активности се реализираат два пати во неделата (среда и петок). Во среда 60 бездомници ги користат сервисните услуги во пунктот, додека во петок се услужуваат 100 бездомници. Во просек 100 бездомни лица секој петок добиваат услуги од стручниот тим од кои 20 бездомни лица се реинтегрирани во здравите општествените текови.

Во пунктот за бездомници при екстремно ниските температури функционира и привременото прифатилиштето за бездомници на Црвен крст, место кое е подготвено во секое време да прими бездомно лице кое е во тешка здравствена состојба, а за кој нема итно решение за сместување во соодветна институција. Исто така за зимскиот период се изготвува План за дејствување во екстремно ниски температури во чии рамки се планира и отворање на Прифатилиштето и 24 часовни дежурства на екипи на Црвен крст и возило кое дејствува на терен.

Во пунктот за бездомници во Момин Поток на 26ти јули 2017 година се отвори новиот објект-женското одделение кое има сместувачки капацитет од 16 легла. Вкупно капацитетот од машкото и женското одделение се 32 легла,но доколку се појави поголем број на бездомници за згрижување овој простор се адаптира и може да се сместат до 40 бездомници.

Во јуни месец 2019 година со поддррка на Градот Скопје, се отвори и трпезарија во рамките на пунктот за бездомници која има капацитети за 40 бездомни лица. Заради добрите капацитети ќе се користи и како просор за нивна социјализација.

Координатор на одделот, Драгана Лазаревска – бр на телефон: 071/733-171
skopje.bezdomnici@redcross.org.mk

ИТНО КОПЧЕ
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден (прием на дарители) Понеделник - Петок 08:00-14:30 часот.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.