Пребарувај по датум:

Меѓународна школа за миграции

,,Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови”

Меѓународната Школа за Миграции е наменета за млади возраст од 18-25г. од РСМ и државите каде има Национални Друштва на Црвен крст или Црвена полумесечина кои активно се вклучени на полето на миграции. Школата вклучува млади кои имаат предзнаења од областа на правните аспекти од полето на миграциите или основно ниво за поимање на областа т.е. интерес за изучување на областа со посебен акцент кон хуманитарниот аспект на миграциите. Низ неколку дневен теориски и реален приказ на комплексноста на мигрантските кризи и текови, учесниците имаат можност да зајакнат и/или стекнат основни знаења од областа на миграциите односно хуманитарната итност која ја иницираат. На школата се презентираат домашните и меѓународните политики, институции и организации кои имаат своја улога во уредување и справување со миграциските текови. Учесниците се сензитивизираат за потребите и ранливоста на мигрантите.

Цели на Меѓународната Школата за Миграции се:

  • Сензитивизација на младата популација за ефектите од мигранстки кризи и хуманитарните итности и потребите предизвикани од истите;
  • Поттикнување на интерес за изучување и кариерен развој на младите во полето на хуманитарниот аспект на миграциите и мигрантските кризи.

Слоган на Меѓунаордната Школа за Миграции е: ЗАЕДНО НА ПАТОТ!

INTERNATIONAL SCHOOL ON MIGRATION

“Humanitarian aspect of mixed migration flows”

The International School on Migration is intended for young people between the age 18-25 from the RNM and countries with Red Cross or Red Crescent National Societies that are actively engaged in the field of migration. The school engages youth with prior knowledge of the legal aspects of migration or with a basic level of understanding of the field, i.e. interest in studying the area, with special emphasis on the humanitarian aspect of migrations. Through a theoretical and real presentation of the complexity of migration crises and flows, in several days the participants have the opportunity to strengthen and/or acquire basic knowledge in the field of migration, or the humanitarian emergency they are initiating. At the school, domestic and international policies are presented, as well as institutions and organizations that have their role in regulating and dealing with migration flows. The participants are sensitized for the needs and vulnerability of migrants.

Goals of the International School on Migration are:

  • Sensitization of young population about the effects of migration crises and the humanitarian emergencies and needs caused by them;
  • Encouraging interest in study and career development of young people in the field of the humanitarian aspect of migrations and migrant crises.

Slogan of the International School on Migration is: TOGETHER ON THE ROAD!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.