Пребарувај по датум:
2022-07-27

Моќта на хуманоста

На 31 мај 2022 година, Црвен крст на град Скопје организираше дефиле на хуманоста, по повод денот на основање на градската организација на Црвен крст.  На дефилето учествуваа повеќе од 1.000 лица, вработени, волонтери, корисници на услуги на Црвен крст, соработници…

 На плоштадот беа поставени и штандови за донации со цел поттикнување на учесниците и минувачите на плоштадот да донираат за остварување на заедничката цел -поддршка на Ургентен центар-ЈЗУ ТОАРИЛУЦ преку набавка на наменска количка/плакар за чување и транспорт на лекови.

Количката е набавена и истата е донирана на Центарот. Пренесена е и силна порака за моќта на хуманоста на Црвениот крст и поддршката од заедницата кон заедницата, односно од граѓаните за граѓаните!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.