2021-05-18
Напредна обука по Прва помош
Во Тренинг центарот “Даре Бомбол”-Водно, на 15 мај се организираше еднодневна обука по Прва помош за потребите на Тимот за интервенции од Џонсон Мети – Скопје.
Целта на обуката е преку тимска работа да се дојде до подобра организација и комуникација, тимот да се обучи навремено и брзо да одговори при несреќи кои може да се случат во реонот на фабриката.