Пребарувај по датум:
2020-08-27

Реализиран семинар за волонтери за здраво стареење во заедницата

Во периодот од 24.08.2020 до 26.08.2020 во тренинг ценарот ,,Солферино’’ во Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за волонтерите од клубот на млади и претставници од мобилните тимови на ЦКГС. Целта на семинарот беше учесниците да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународната  Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.  Учесниците имаа прилика да се запознаат подетално со незаразните болести кај старите лица, спроведување на проценка, промени во однесување, придобивки на доживотното учење како и важноста на физичката активност во процесот на стареење.

Тренингот беше реализиран со поддршка на Швајцарскиот Црвен Крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.