Пребарувај по датум:
2020-09-14

Светски ден на прва помош/ Кампања за промоција на Првата помош „Првата помош спасува живот“

Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности го одбележуваат Светскиот ден на Првата помош 12 септември. Активностите ќе се реализираат во период од еден месец (12 септември-12 октомври), во вид на кампања, следејќи ги чекорите и насоките од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Националното друштво- Црвен крст на РСМ.

Целта на активностите ќе биде подигнување на свеста кај целокупното население за значењето на Првата помош како животоспасувачка вештина, со акцент на значењето на истата во време на пандемија. Во насока на остварување на целта, подготвени и дистрибуирани ќе бидат поголеми количини промотивни и едукативни материјали. Во нив ќе бидат содржани информации за укажување на Прва помош во итни состојби, со акцент на значењето на сет по Прва помош кој секогаш треба да го имаме во домот и автомобилот и секако насоки што тој треба да содржи.  За поголема достапност на информациите до граѓаните, поставени ќе бидат 4 мега лајт површини, а флаерите и постерите ќе бидат дистрибуирани преку јавни и приватни здравствени установи, болници, во банки, ТЦ, поголеми маркети, пазари и други фрекфентни јавни објекти.

Совети за укажување Прва помош, ќе бидат споделени преку социјалните медиуми на Црвен крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.